ПРВ.мк
Свет

КРВАВ НАПАД: Ја убил поранешната сопруга па започнал хаос на неколку локации!

КРВАВ НАПАД: Ја убил поранешната сопруга па започнал хаос на неколку локации!

Страшен вооружен напад ја шокираше Турција, каде според првичните информации најмалку шест лица го загубија животот, а осуммина се повредени во серија пукања што се случиле на повеќе различни места.

Според турските медиуми, 37-годишниот Метин О. најпрво ја убил својата поранешна сопруга Ариза Озден во населбата Дарипинари. По злосторството, тој избегал со автомобил и се упатил кон друга локација, каде продолжил со нападите.

Како што објавува Хуриет, напаѓачот влегол во ресторан во населбата Кадели Дертлер, во округот Тарсус, каде повторно отворил оган кон луѓето што се наоѓале внатре.

Според досегашните информации, во ресторанот биле убиени две лица, за кои се претпоставува дека се сопственикот на објектот и еден од вработените. Напаѓачот потоа продолжил да пука и надвор од ресторанот, при што усмртил овчар кој се наоѓал во близина, како и возач на камион.

По нападот, турската полиција започнала голема потрага по осомничениот, во која биле вклучени и хеликоптери. Безбедносните сили блокирале повеќе области во обид што побрзо да го лоцираат и приведат.

Мотивот за крвавиот напад засега не е официјално потврден, а истрагата за случајот продолжува. Локалните медиуми јавуваат дека властите собираат докази и изјави од сведоци за да се утврди што точно му претходело на нападот и дали постоеле претходни закани или конфликти.