Кина тестира ултрапрецизна технологија за сопирање на најбрзиот воз во светот – CR450
Кинеските научници спроведуваат интензивни тестирања на прототипот на најбрзиот воз во светот – CR450, при што фокусот е ставен на ултрапрецизната технологија за сопирање.
Според планот, возот треба да успее да забави од брзина од 400 километри на час до целосно запирање за само 112 секунди, покривајќи растојание од 6.500 метри. Ваквиот технолошки предизвик бара неверојатно сигурен и прецизен систем за сопирање, особено во делот на дисковите и нивните главини.
Еден од клучните технички предизвици било изработката на главината на сопирачката со толеранција од само 0,005 милиметри – што е околу една шеснаесеттина од дебелината на човечка влакно.
По месеци истражување, кинескиот инженерски тим не само што успешно ја реализирал оваа задача, туку успеал и да го елиминира еден цел производствен чекор, при што е двојно зголемена ефикасноста во споредба со досегашните странски методи на обработка, пренесува „Банкар“.
Ова претставува уште еден чекор напред за кинеската железничка индустрија во трката за технолошко лидерство во високобрзинскиот транспорт.