ПРВ.мк

Хутите планираат напади на аеродроми, најавија целосна блокада на воздушниот простор на Израел

Хутите планираат напади на аеродроми, најавија целосна блокада на воздушниот простор на Израел
Jumbo Banner

“Нападите на Хути доаѓаат од Иран”, напиша Нетанјаху на платформата Икс

Јеменската побуненичка група Хути соопшти дека ќе започне со спроведување сеопфатна воздушна блокада „против израелскиот непријател“, најавувајќи повеќекратни напади на аеродроми, особено на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив, јавува агенцијата Саба.

Хутите истакнаа дека апелираат до сите меѓународни авио-компании да го имаат во предвид ова соопштение од моментот на неговото објавување и да ги откажат сите редовни летови кон израелските аеродроми, со цел да ја зачуваат безбедноста на своите летала. Тие нагласија дека Јемен нема да прифати напади на арапските земји како што се Либан и Сирија.

„Ова потврдува дека оваа нација нема да се плаши од конфликт и ќе ја одбие покорноста и подреденоста“, велат од групата Хути.

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека ќе одговори на нападите од Хутите и нивните ирански „господари“, по ракетата што ја лансираше групата на главниот меѓународен аеродром во Израел.

„Нападите на Хути доаѓаат од Иран“, напиша Нетанјаху на платформата Икс.

Тој истакна дека Израел ќе одговори на нападите на Хутите во време и на место кое ќе го одберат, кога ќе ги гаѓа „нивните ирански терористички господари“.

Во раните часови вчера, балистичка ракета од Хутите падна во близина на аеродромот Бен Гурион, откако израелските одбранбени сили не успеаја да ја пресретнат.

По нападот, големи меѓународни авиокомпании, вклучувајќи ја германската „Луфтханза“ и францускиот „Ер Франс“, ги прекинаа летовите до Тел Авив најмалку до вторник.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран