ПРВ.мк
Свет

ХОРОР ПО НАТПРЕВАРОТ НА СВЕТСКОТО ПРАВЕНСТВО: Истрели ја прекинаа прославата - ова е бројот на повредени!

ХОРОР ПО НАТПРЕВАРОТ НА СВЕТСКОТО ПРАВЕНСТВО: Истрели ја прекинаа прославата - ова е бројот на повредени!

Најмалку четири лица се ранети во вооружен инцидент што се случил во американската сојузна држава Масачусетс, непосредно по завршувањето на натпревар од Светското првенство во фудбал.

Според локалните власти, пукањето се случило во градот Броктон во петокот доцна навечер, кога полицијата примила голем број повици од вознемирени граѓани кои пријавиле дека се слушаат повеќе истрели на улиците.

Полициските службеници, по пристигнувањето на местото на настанот, пронашле најмалку четири лица со прострелни рани.

Инцидентот се случил во моментите кога стотици навивачи се собрале на улиците по завршувањето на натпреварот меѓу репрезентациите на Норвешка и Франција, одигран на стадионот „Џилет“ во Фоксборо.

Надлежните органи спроведуваат истрага за да ги утврдат околностите под кои дошло до пукањето, како и идентитетот и мотивите на напаѓачот или напаѓачите. Засега не се соопштени дополнителни информации за состојбата на повредените.

Најнови вести