ПРВ.мк
Свет

ХОРОР НА ЛУКСУЗНИОТ КРУЗЕР: Патници во паника бегаат од бродот, една жена се бори за живот!

ХОРОР НА ЛУКСУЗНИОТ КРУЗЕР: Патници во паника бегаат од бродот, една жена се бори за живот!

Сите патници од крузерот „Хондиус“ беа евакуирани откако на бродот се прошири хантавирус, а здравствените власти потврдија уште три нови случаи на зараза. По евакуацијата на патниците и дел од екипажот, бродот заминал од Тенерифе кон Холандија, каде треба да биде целосно дезинфициран.

Случајот предизвика голема загриженост откако три лица починаа за време на крстосувањето. Кај две од жртвите официјално бил потврден хантавирус. Според податоците на Светска здравствена организација, досега се регистрирани седум потврдени случаи поврзани со бродот, додека уште два случаи се водат како сомнителни.

Особено загрижува состојбата на патничка од Франција, која по евакуацијата била позитивна на вирусот. Таа претходно се пожалила на симптоми кај медицинскиот тим на бродот, но според шпанскиот министер за здравство Хавиер Падиља Берналдес, ѝ било кажано дека најверојатно станува збор за анксиозност. Жената имала симптоми слични на грип, без покачена температура, но нејзината состојба подоцна нагло се влошила. Во моментов се наоѓа во критична состојба во болница во Париз.

На бродот останале 26 членови на екипажот и двајца здравствени работници, кои заедно со крузерот патуваат кон Ротердам. Во рок од само 48 часа, од бродот биле евакуирани 120 лица од дури 23 различни држави.

Од СЗО препорачале сите што биле на бродот да поминат 42 дена во изолација, иако според нив проценката е дека ризикот од пошироко ширење на вирусот засега останува многу мал.

Првата жртва бил постар холандски државјанин кој починал на 11 април, откако претходно развил симптоми на болеста. Се верува дека токму тој бил првиот заразен случај во епидемијата на бродот, но починал пред да биде тестиран.

Неговата сопруга го напуштила крузерот на 24 април на островот Света Елена и отпатувала за Јужна Африка, каде што починала само два дена подоцна.

Подоцна, на 2 мај, животот го загубила и германска државјанка, која исто така се наоѓала на бродот за време на ширењето на вирусот.