ПРВ.мк
Македонија

Реализирани мерења на физичкиот фитнес и развој кај 310 ученици во Кавадарци

Реализирани мерења на физичкиот фитнес и развој кај 310 ученици во Кавадарци

Во рамки на проектот „Состојбата на физичкиот фитнес, нутритивниот статус и статусот на стапалата кај децата и младите“, денес се спроведоа систематски мерења во С.О.У. „Страшо Пинџур“ и подрачните училишта во селата Марена, Возарци и Дреново. Со оваа активност беа опфатени вкупно 310 ученици од прво до шесто одделение.

Главната цел на овој проект е континуирано следење на физичкиот развој на децата, како и навремено информирање на родителите за евентуални отстапувања или здравствени проблеми. Дополнително, мерењата служат за рано препознавање на спортските предиспозиции кај учениците, со цел нивно правилно насочување во спортот.

Општина Кавадарци и понатаму останува цврсто посветена на креирање здрави навики кај најмладите, обезбедувајќи поддршка и вложувајќи во нивниот правилен раст и развој како врвен приоритет за локалната заедница.