ПРВ.мк
Македонија

НОВА ИНФРАСТРУКТУРА ВО КАВАДАРЦИ: Целосно асфалтирана новата улица на Булевар „Вељко Влаховиќ“

НОВА ИНФРАСТРУКТУРА ВО КАВАДАРЦИ: Целосно асфалтирана новата улица на Булевар „Вељко Влаховиќ“

Комплетно е завршено асфалтирањето на новопробиената улица на Булевар „Вељко Влаховиќ“, на спојот со Западниот Булевар во Кавадарци. Пред финалното асфалтирање, на оваа делница во должина од 180 метри беше поставена комплетна водоводна, канализациона и атмосферска мрежа, а улицата доби и ново осветлување и современи тротоари.

Проектот опфати вкупна површина од 4.900 метри квадратни, а во наредниот период следува хортикултурно уредување на околниот простор и обележување на хоризонталната сигнализација.

Оваа инфраструктурна зафатнина е заедничка инвестиција на Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Кавадарци, која за оваа намена издвои 6 милиони денари. Изведувач на градежните работи е фирмата „Градба Промет“.