ПРВ.мк
Македонија

ДРОГА ЗАКОПАНА ВО ЗЕМЈА: Македонската полиција разби мрежа за кокаин - МВР со детали!

ДРОГА ЗАКОПАНА ВО ЗЕМЈА: Македонската полиција разби мрежа за кокаин - МВР со детали!

Полицијата откри организирана група која, според сомнежите, се занимавала со набавка, транспорт и продажба на кокаин во струмичко-гевгелискиот регион.

Како што информираат од СВР Струмица, кривична пријава е поднесена против И.Ѓ. (26) од село Ново Конско, гевгелиско, П.Ч. (33) од Гевгелија и В.С. (51) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Според полициските информации, првоосомничениот И.Ѓ. ја организирал набавката на кокаин. Потоа, во договор со второосомничениот П.Ч., бил ангажиран транспорт на дрогата со возило до третоосомничениот В.С.

По приемот на пратката, В.С. ја сокрил дрогата на необично место – ја закопал во земја во атарот на село Босилово, на локалитетот „Топо“ во струмичко.

По добиени оперативни сознанија, полициски службеници од СВР Струмица ја лоцирале закопаната дрога. Со помош на механизација бил извршен ископ, при што кокаинот бил пронајден, изваден и одземен.

Од МВР наведуваат дека случајот е целосно документиран и дека против осомничените ќе следуваат понатамошни законски постапки.