ПРВ.мк
Свет

Проблеми со авионот на Реал Мадрид - заглавило леталото на Реал Мадрид над Њујорк пред клучниот натпревар со ПСЖ

Проблеми со авионот на Реал Мадрид - заглавило леталото на Реал Мадрид над Њујорк пред клучниот натпревар со ПСЖ
Escape

Катастрофални временски услови ја заглавија леталото на Реал Мадрид над Њујорк пред клучниот натпревар со ПСЖ

Реал Мадрид се соочи со сериозни проблеми пред важниот полуфинален натпревар од Светското клупско првенство, откако авионот на тимот беше принуден да остане долго време во воздух над Њујорк поради силна бура и неповолни временски услови.

Поради неможноста да слета над два часа, авионот на „кралевите“ се соочи со сериозна неизвесност, што резултираше и со откажување на прес-конференцијата на главниот тренер Чаби Алонсо, која требаше да се одржи пред натпреварот.

ФИФА реагираше брзо и со максимални напори ја помогна екипата на Реал Мадрид да се обезбеди безбедно слетување што е можно поскоро.

Конечно, авионот со играчите на шпанскиот гигант успешно слета во Њујорк, каде вечерва се игра натпреварот против Пари Сен Жермен.

За разлика од нив, тимот на ПСЖ пристигна порано и веќе одржа тренинг во базата на Универзитетот „Ратгерс“ вчера, што им даде предност во подготовките пред дуелот.

Mia Home Mavrovo