ПРВ.мк

Канада му одговори на Трамп: „Ќе ви ја исклучиме струјата“

Канада му одговори на Трамп: „Ќе ви ја исклучиме струјата“
VERO Banner

Иако претседателот Доналд Трамп одложи голем дел – но не и сите – од царините што ги воведе за Канада и Мексико, тоа не ги спречи северните соседи на Америка да одговорат со одмазднички мерки.

Премиерот на канадската држава Онтарио, Даг Форд, на прес-конференција изјави дека ќе воведе дополнителна такса од 25% на извозот на електрична енергија кон три американски држави почнувајќи од понеделник, предупредувајќи дека Канада целосно ќе го прекине снабдувањето со струја ако САД воведат нови царини на канадските производи.

„Ако САД претераат, нема да се двоумам целосно да ја исклучам струјата“, изјави Форд. „Верувајте ми, не сакам да го направам ова. Се чувствувам ужасно за американскиот народ, затоа што не се тие виновни за овој трговски конфликт. Одговорна е една личност – претседателот Трамп.“

Форд истакна дека новата такса ќе ги чини американските семејства и бизниси во Њујорк, Минесота и Мичиген дополнителни 100 долари месечно на нивните сметки.

Но, овој потег би можел да ѝ наштети и на канадската енергетска индустрија. Канада, која е многу позависна од американскиот извоз отколку што САД зависат од канадската стока, ризикува да западне во рецесија доколку трговската војна ескалира.

Форд предупреди дека би можел дополнително да го зголеми надоместокот од 25% ако американските царини продолжат да растат. Трамп, пак, се закани дека ќе воведе царини за канадските млечни производи и дрвенарија, воспоставувајќи принцип на реципрочни мерки – долар за долар.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран