ПРВ.мк

Преку рани уписи на Хајделберг факултетот во Скопје студентите ќе добијат ексклузивни поволности

Преку рани уписи на Хајделберг факултетот во Скопје студентите ќе добијат ексклузивни поволности
VERO Banner

 Хајделберг факултетот во Скопје им нуди уникатна можност на идните студенти – сите кои ќе се пријават пред официјалниот упис ќе имаат пристап до ексклузивни поволности!

Официјалните уписи започнуваат во мај 2025 година, но студентите кои ќе ја искористат можноста за рано пријавување во април и мај ќе добијат значајни придобивкиза полесен почеток на студиите. Овие поволности вклучуваат:

– Намалени трошоци за упис;

– Ексклузивен пристап до подготвителни материјали;

– Лична поддршка од академскиот тим на Хајделбергфакултетот

Со оваа иницијатива, Хајделберг факултетот им помага на идните академци да започнат со сигурност и подготвеност, поставувајќи ги на патот кон успехот.

Оваа понуда се однесува само за студентите кои ќе аплицираат во март и во април. 

За повеќе информации и за начинот на пријавување, може да се посети веб-страницата на Хајделберг, а идните академски граѓани можат да се информираат и на телефонскиот број070 355 656 или преку електронската пошта [email protected].

Факултетот Хајделберг од Скопје е единствената образовна институција која што овозможува дуален пристап во високото образование, преку комбинација на студии во Македонија и еден семестар во Германија.

Идните студенти можат да бираат меѓу две студиски програми – Бизнис администрација и Податоци и компјутерски науки. Комбинираниот модел овозможува студентите да се стекнат со двојна диплома од високообразовните институции во двете држави, со што Хајделберг обезбедува врвно образование според меѓународни стандарди.

Програмата претставува значаен чекор во развојот на високото образование, овозможувајќи им на студентите да ги искористат придобивките од двата образовни системи, со посебен акцент на германското искуство во завршната година од студиите.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран