ПРВ.мк

Четиригодишно момче и повикало полиција на својата мајка: “Веднаш да ја затворите”, малото дете ја насмеало цела полициска станица

Четиригодишно момче и повикало полиција на својата мајка: “Веднаш да ја затворите”, малото дете ја насмеало цела полициска станица
VERO Banner

Четиригодишно момче ја повикало полицијата: Мама беше лоша, ми го изеде сладоледот, мора да ја затворите.

Полицијата сепак решила да отиде и да провери дали се работи за нешто посериозно. Кога пристигнале, детето потврдило дека мајка му, му го изела омилениот сладолед и побарало да ја затворат.

„Мајка ми беше лоша, треба да ја затворите“, рекол четиригодишниот син од Висконсин, кој ја повикал полицијата минатиот вторник.

„Добро, кажи ми што се случило?“ го прашал диспечерот. Детето и понатаму инсистирало дека треба да дојде полиција, а потоа неговата мајка го зграбила телефонот и му кажала на диспечерот:

„Детето го зеде телефонот, има само четири години.“

Неколку секунди подоцна признала:

„Го изедов неговиот сладолед, затоа веројатно ви се јавил вам.“

Полицијата сепак отишла да провери дали се работи за нешто сериозно. Кога пристигнале, детето потврдило дека мајка му, му го изела омилениот сладолед и побарало да ја затворат. На крајот, полицајците го разубедиле.

„Детето конечно се согласи дека нема да ја тужи мајка му и рече дека не сака таа да заврши зад решетки. Рече дека сака само сладолед.“

Два дена подоцна, полицајците повторно го посетиле детето и му донеле сладолед, пренесува CNN.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран