ПРВ.мк

„Бев убеден дека Палчо нема да остави траги, ми беше страв да се откажам поради заканите дека ќе ме убие мене и мојата фамилија“, рече Манев

„Бев убеден дека Палчо нема да остави траги, ми беше страв да се откажам поради заканите дека ќе ме убие мене и мојата фамилија“, рече Манев
VERO Banner

„Бев убеден дека Палчо е вистинскиот, и дека нема да остави траги“, изјави Велибор Манев, кој е обвинет како соучесник на грозоморните убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Велибор Манев имаше исказ кој предизвика огромен интерес кај јавноста, особено што опиша детали за грозоморните убиства. Тој рече дека Палчо е сторител на двете убиства, и на Панче, а подоцна и на Вања, но и дека планот не бил да се грабне дете, туку жена на околу 40 години.

„Ние знаевме дека грабнуваме ќерка на фармацевт. Името не го знам, тоа го знае Палчо. Се што знаев е дека е ќерка на некој фармацевт од првиот брак. Според сликата што ни ја покажуваше Палчо да ја гледаме и детево што излезе беше идентично. Косата долга права, костенлива, слаба… така што немавме никаков сомнеж дека тоа е некоја друга особа. Во таа темнина што беше и отсјај од светлото колку што видовме мислевме дека е таа личноста“, рече Манев.

Манев рече дека Палчо им ветувал по 150.000 евра, но потоа кажал дека ќе биле помалку. Манев во исказите вели дека идејата била да се покриеле финансиските дупки во партијата.

На прашањето зошто не се откажал после убиството на Панче, Манев рече дека стравувал за неговиот живот и животот на фамилијата.

„Да, точно е. Никаде не пријавив бидејќи бев под закана дека Палчо ќе ми ја утепа фамилијата. На 23-ти беше грабнат и истиот ден убиен, четвртокот пробавме прв пат каде што закаснивме во грабнувањето на жената, петокот беше поради појава на друга жена од дуќанот, и понеделникот беше третиот обид каде ја земавме жената односно во овој случај Вања, а не знаевме дека е Вања“, изјави Манев.

„Ми беше страв затоа што бев под закана дека ќе ме убие мене и мојата фамилија ако не ги завршиме работите до крај“, кажа тој.

Поради тоа што првите искази на Манев, не се совпаѓаа со денешните, обвинителките ги читаа исказите од декември 2023 година, при што една од обвинителките се расплаче, а потоа продолжи да чита другата.

Извор: ТВ21

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран