Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес оствари успешна средба со министерот за енергетика на Азербејџан, Парвиз Шахбазов, за размена на идеи и планови за зајакнување на енергетската соработка помеѓу двете земји.

По време на разговорите, особено се дискутираше за можностите за снабдување со гас и инвестиции во модернизација на енергетската инфраструктура во Македонија. Партнерството помеѓу Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) и азербејџанската компанија СОКАР беше препознаено како клучно за енергетската трансформација на земјата.

Божиновска истакна дека овој нови иницијативи ќе обезбедат енергетска независност и одржливост за Македонија, создавајќи стабилна и конкурентна иднина во енергетскиот сектор. Овие напори се дел од пошироката стратегија за унапредување на енергетската инфраструктура и зголемување на конкурентноста на државата на глобалниот пазар.