Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го усвои Извештајот за Северна Македонија за 2023 и 2024 година, изготвен од австрискиот европратеник Томас Вајц. Документот доби поддршка со широко политичко мнозинство, што Вајц го оцени како важен сигнал дека Македонија припаѓа во ЕУ.
Следниот чекор е гласање на пленарната седница на Европарламентот, кое ќе се одржи меѓу 7 и 10 јули во Стразбур. Вајц изјави дека по 20 години преговори, мора да се зачува моментумот на евроинтеграцијата, а во извештајот експлицитно се наведуваат македонскиот јазик и идентитет.
Документот првично беше одложен поради несогласувања со бугарските европратеници, кои најавија дека ќе достават „мислење на малцинството“ како додаток на финалната верзија.