ПРВ.мк
Свет

Нови израелски воздушни напади во јужен Либан - бројот на жртви се зголемува!

Нови израелски воздушни напади во јужен Либан - бројот на жртви се зголемува!
Kristal

Најмалку 15 лица загинаа утрово во серија воздушни напади изведени од Израел во јужниот дел на Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.

Според безбедносни извори, жртвите се од градот Сир ал-Гарбија во округот Набатија, каде што во нападот била погодена трикатна зграда. Нападите се концентрирани во подрачјата јужно од реката Литани, каде Израел смета дека се активни борци на Хезболах.

Портпаролот на израелската армија истакна на социјалната мрежа Икс дека „терористичките активности на Хезболах ги принудуваат одбранбените сили силно да дејствуваат против нив“, со повторен повик до жителите веднаш да ги напуштат своите домови и да се преселат северно од реката Литани.

Нападите се случуваат во услови на зголемени регионални тензии по конфликтот меѓу Израел и САД од една страна и Иран од друга страна, во кој досега се вклучени повеќе регионални актери.

Либанските извори наведуваат дека Израел наредил евакуација на повеќе од 80 села во јужен Либан, поради што десетици илјади жители ги напуштиле своите домови.

Во меѓувреме, израелската армија соопшти дека двајца нејзини војници загинале во борбите во јужен Либан, први пријавени жртви во редовите на израелската армија од почетокот на офанзивата на 2 март против Хезболах.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo