ПРВ.мк
Наука/Технологија

Сателит на НАСА надвор од контрола: Ќе се урне на Земјата во следните часови!

Сателит на НАСА надвор од контрола: Ќе се урне на Земјата во следните часови!
Kristal

Сателит на NASA, тежок околу 600 килограми, се движи кон Земјата и се очекува повторно да влезе во атмосферата денеска, по речиси 14 години во орбитата.

Станува збор за сондата Van Allen Probe A, чиј повторен влез во атмосферата се очекува околу 19:45 часот по источно американско време, иако научниците предупредуваат дека точниот момент може да варира и до 24 часа.

Бидејќи леталото се движи со илјадници километри на час, а условите во атмосферата се променливи, научниците не можат со сигурност да предвидат каде би можеле да паднат евентуалните остатоци.

Од НАСА соопштуваат дека поголемиот дел од леталото ќе изгори при влегувањето во атмосферата, но можно е делови од конструкцијата да го преживеат падот. Сепак, ризикот некој да биде повреден е исклучително мал – околу 1 на 4.200.

Мисијата на леталото заврши во 2019 година, а првичните пресметки предвидуваа дека ќе се врати на Земјата дури во 2034 година. Но, научниците објаснуваат дека силниот сончев циклус ја променил ситуацијата.

Во 2024 година Сонцето го достигна својот сончев максимум, што предизвика поинтензивно „вселенско време“ и зголемено атмосферско влечење, кое го забрза спуштањето на сателитот кон Земјата.

Според проценките на НАСА, ризикот од повреда од паѓање на остатоци е околу 0,02 проценти, бидејќи приближно 70% од површината на Земјата е покриена со океани, па најверојатно евентуалните остатоци ќе завршат во вода, а не во населени места.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo