Почина поранешниот македонски фудбалски судија Васил Кировски – Џери, кој остави значаен белег во македонскиот и југословенскиот фудбал.
Својата спортска кариера ја започна како фудбалер во ФК МИГ (денешен ФК Скопје), по што се посвети на судиската професија и стана едно од препознатливите имиња меѓу фудбалските арбитри.
Во текот на кариерата судеше натпревари од потсојузните лиги, па сè до Втората и Првата Сојузна југословенска лига, а по осамостојувањето на Македонија беше дел и од судиите во Првата македонска фудбалска лига.
По завршувањето на активното судење, Кировски остана дел од фудбалот како судиски контролор, регрутер и ментор на младите судии, придонесувајќи во развојот на нови генерации арбитри.
Зад себе остави траен белег во македонскиот фудбал, а од Фудбалската федерација на Македонија изразија искрено сочувство до семејството Кировски


















