Израелските одбранбени сили објавија дека во една од воздушните операции во саботата бил елиминиран висок командант на Хамас во Појасот Газа. Идентификуваниот лидер, Ала Ал-Хадиди, бил задолжен за снабдување и за дел од воено-производствената структура на организацијата.
Според Израел, Ал-Хадиди бил погоден во таргетиран напад, дел од поширока акција што ја спроведоа по инцидентот во кој, како што тврдат, Хамас испратил борец на територија под израелска контрола.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека во истиот напад биле убиени уште пет високи припадници на Хамас.
Од другата страна, здравствените власти во Газа соопштија дека израелските удари резултирале со најмалку 20 загинати Палестинци.
Хамас засега нема излезено со официјална потврда за убиството на Ал-Хадиди.
















