ПРВ.мк
Свет

Има 63 години и тврди дека спиела со 3.000 мажи: Кога ќе слушнете што правел нејзиниот сопруг, ќе се изненадите!

Има 63 години и тврди дека спиела со 3.000 мажи: Кога ќе слушнете што правел нејзиниот сопруг, ќе се изненадите!

Мери Калверт, Британка која во својата исповед имала 63 години, привлече големо внимание со тврдењето дека во текот на три децении имала интимни односи со приближно 3.000 мажи, иако цело време била во брак.

Во разговор за британскиот „Гардијан“, таа открила дека со сопругот Бери практикувале свингерски начин на живот, односно интимни средби со други партнери, со меѓусебна согласност.

Мери и Бери се заедно од нејзината 15-годишна возраст, а се венчале кога имала 19 години.

До својата 28-годишна возраст, Мери имала интимни односи единствено со сопругот. Сè се променило кога Бери донел списание посветено на размена на партнери и предложил да пробаат нешто поинакво.

Иако првично го одбила предлогот, подоцна се согласила, по што започнале да се среќаваат со други парови.

Според нејзините зборови, една од најнеобичните вечери ја доживеала во Манчестер, каде што тврди дека имала интимни односи со 14 мажи.

Мери проценува дека во просек имала по стотина различни партнери годишно во период од три децении.

Таа истакнала дека никогаш не чувствувала љубомора поради односите на сопругот со други жени, бидејќи интимноста и љубовта ги доживуваат како одделни работи.

Во 1997 година двојката отворила и свингерски клуб во Шефилд.

Мери признала дека со текот на годините го забавила темпото, особено по операција на коленото.

И покрај необичниот брачен живот, таа тврди дека нивната врска останала стабилна и исполнета со љубов.

Кога ги прашале дали жалат за нешто, Мери одговорила дека единствено ѝ е жал што ваквиот начин на живот не го откриле порано.