ПРВ.мк
Свет

Макрон со остра реакција до Трамп: Ќе има жестоки европски контрамерки ако не се постигне договор!

Макрон со остра реакција до Трамп: Ќе има жестоки европски контрамерки ако не се постигне договор!
Escape

Емануел Макрон остро реагираше на најавените 30% царини што Доналд Трамп најави дека ќе ги воведе од 1 август на увозот на стока од Европската Унија и Мексико. Францускиот претседател ја повика Европската Комисија да подготви решителни контрамерки и побара да се брани европскиот економски интерес со целата расположлива сила.

„Со европско единство, повеќе од кога било, Комисијата треба да ја потврди решеноста на Унијата одлучно да ги брани европските интереси. Тоа подразбира забрзана подготовка на веродостојни контрамерки, со мобилизација на сите инструменти, вклучувајќи и мерки против принуда, ако до 1 август не се постигне договор“, порача Макрон преку објава на Икс.

Макрон додаде дека Франција целосно ги поддржува напорите на Европската Комисија и очекува интензивирање на преговорите со САД за постигнување заемно прифатлив договор. Тој истакна дека потенцијалниот договор мора да се темели на заемно почитување помеѓу трговските партнери и да ги одразува заедничките интереси и вредности.

Од друга страна, Трамп денеска објави дека царините од 30% ќе стапат на сила од 1 август, на сите производи увезени од земјите членки на ЕУ и од Мексико. Тој на својот профил на социјалната мрежа Truth Social објави копии од писмата кои им ги испратил на претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен и на претседателката на Мексико Клаудија Шајнбаум.

Европската Унија, според дипломатски извори, веќе работи на можни контрамерки доколку не се постигне компромис, а Макрон инсистира тие да бидат брзи и убедливи.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo