ПРВ.мк
Свет

(ФОТО) ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ИСТАНБУЛ: Уапсена актерката од „Сулејман Величествениот“

(ФОТО) ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ИСТАНБУЛ: Уапсена актерката од „Сулејман Величествениот“
Kristal

Во голема полициска акција во Истанбул, во рамки на истрага за дрога, уапсени се осум лица, меѓу кои и турската актерка Садет Езги Ејубоглу (37), соопштија надлежните институции.

Ејубоглу е позната по улогата на Ајбиге Хатун во втората сезона од популарната серија „Сулејман Величествениот“.

Истанбулското јавно обвинителство објасни дека налогот за нејзино приведување е издаден поради сомнежи за купување, поседување и користење наркотични и стимулативни супстанции за лична употреба.

Во рамки на истата истрага, уште две лица се уапсени поради сомнежи за производство и трговија со дрога, четворица за поттикнување и овозможување проституција, а едно лице за нелегално поседување оружје.

За време на претресите, полицијата запленила оружје, муниција, наркотични супстанции, опрема за консумирање дрога и фалсификувани американски долари.

Надлежните институции најавуваат дека истрагата продолжува и дека не се исклучени нови апсења.

FixCredit
Escape