ПРВ.мк
Македонија

УАПСЕН ПОЛИЦАЕЦ: Фатен на лице место - МВР СО ДЕТАЛИ!

УАПСЕН ПОЛИЦАЕЦ: Фатен на лице место - МВР СО ДЕТАЛИ!
Kristal

Полициски службеник е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело изнуда, откако бил фатен на лице место при примопредавање на 1.000 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи. Против него е поднесена кривична пријава, а најавена е и негова суспензија од работното место.

Според информациите од МВР, полицискиот службеник Х.З. (48) излажал граѓанин дека неговиот син наводно му должи 20.000 евра, по што во повеќе наврати барал од таткото да ги исплати парите. Наместо да подлегне на уцената, оштетениот случајот го пријавил во полиција.

По пријавата, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР спровел координирана акција за документирање на случајот. Биле преземени оперативни и криминалистичко-технички мерки, при што биле обработени и означени паричните средства.

На 25 декември 2025 година, на подрачјето на Центар во Скопје, полицискиот службеник бил уапсен непосредно по примопредавањето на парите. При претрес кај него биле пронајдени 20 банкноти од по 50 евра, односно вкупно 1.000 евра.

Против Х.З. е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје по член 258 од Кривичниот законик – изнуда. Дополнително, Одделот за внатрешна контрола ќе покрене дисциплинска постапка и ќе изрече задолжителна мерка – отстранување од работното место до нејзиното завршување.

На уапсениот полицаец, судија на претходна постапка му определил мерки на претпазливост, а истрагата за случајот продолжува.

FixCredit
Escape