На 25 декември 2025 година околу 14:00 часот, на автопатот А1 во правец од село Миравци кон Демир Капија, патничко возило „Волво“ со битолски регистарски ознаки се запалило додека се движело.
Возилото било управувано од 34-годишен маж од Битола. Пожарот бил брзо изгаснат, а нема пријавени повредени лица.
















