Српската фолк ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ уште еднаш покажа дека нејзината популарност е неприкосновена. Иако последниот албум „Автограм“ го издаде во 2016 година, нејзините хитови и понатаму доминираат на Јутјуб.
Според годишните статистики, во 2025 година песни на Цеца биле преслушани неверојатни 114 милиони пати само во Србија. Со просечна заработка од Јутјуб од 800 до 1.000 евра на милион прегледи, тоа значи дека фолк ѕвездата заработила повеќе од 300.000 евра за една година само од Србија! Сумата, секако, се дели со текстописци, издавачи и други соработници, но сепак покажува колкава е моќта на нејзината кариера.
Во топ 10 на најслушани фолк изведувачи на Јутјуб во регионот, по Цеца се наоѓаат Николија, Теа Таировиќ, Наташа Беквалац, Сајфер, Хени и Бресквица, Милица Павловиќ, Девито и Цоби.
Но успехот на Цеца не се ограничува само на Србија. Во Хрватска, нејзините песни биле преслушани 27 милиони пати, и таа е единствената жена изведувачка во првите 15 места. Во Босна и Херцеговина, нејзините хитови собрале 40 милиони прегледи, во Словенија девет милиони, во Македонија 18 милиони, а во Црна Гора 13 милиони прегледи – секогаш присутна меѓу топ женските изведувачи.
Денес Јутјуб стана мерка за вистинскиот успех на музичарите – и Цеца го докажува тоа. Нејзините музички видеа, настапи во живо и концертни снимки постојано се меѓу најгледаните содржини, потврдувајќи дека популарноста на фолк иконата е непроменета со децении.















