ПРВ.мк
Свет

ГНЕВЕН НАРОД ИЗЛЕЗЕ НА УЛИЦИТЕ: Граѓаните немаат струја дури 22 часа дневно, нема ни резерви на гориво – кризата се влошува секој ден!

ГНЕВЕН НАРОД ИЗЛЕЗЕ НА УЛИЦИТЕ: Граѓаните немаат струја дури 22 часа дневно, нема ни резерви на гориво – кризата се влошува секој ден!

Стотици демонстранти синоќа излегоа на улиците во повеќе населби во Хавана, блокирајќи ги патиштата со запалени купишта ѓубре, удирајќи во тенџериња и извикувајќи пароли поради недостигот на електрична енергија и гориво.

Присутните извикуваа пароли како: „Запалете ги светлата“ и „Обединетиот народ никогаш нема да биде поразен“, пренесе Ројтерс. Агенцијата наведува дека протестите главно биле мирни и дека ја претставуваат најголемата поединечна ноќ на демонстрации во Хавана од почетокот на енергетската криза која ја погоди земјата во јануари.

„Апсолутно немаме гориво, дизел ниту резерви“

Кубанскиот министер за енергетика и рударство, Висенте де ла О Леви, претходно изјави дека државата останала без дизел и мазут и дека електроенергетската мрежа е во „критична“ состојба.

„Апсолутно немаме гориво и апсолутно немаме дизел. Немаме резерви“, изјави ресорниот министер за државните медиуми.

Некои делови од градот без струја 22 часа дневно

Според неговите зборови, бројот и траењето на прекините на струја нагло пораснале во текот на оваа и минатата недела низ Хавана, при што одредени делови на градот се без електрична енергија помеѓу 20 и 22 часа дневно.

Властите наведуваат дека електроенергетскиот систем во моментов функционира исклучиво благодарение на домашната сурова нафта, природниот гас и обновливите извори на енергија. Енергетската криза дополнително го засили незадоволството кај населението кое веќе се соочува со недостиг на храна, гориво и лекови.

Американскиот претседател Доналд Трамп во јануари воведе блокада на Куба и се закани со царини за земјите кои испорачуваат гориво на оваа островска држава.

Најнови вести