ПРВ.мк
Свет

МОРНИЧАВ ПРЕСВРТ ПО 10 ГОДИНИ: Италијанец призна убиство и криење тело на Албанка заѕидана во стан!

МОРНИЧАВ ПРЕСВРТ ПО 10 ГОДИНИ: Италијанец призна убиство и криење тело на Албанка заѕидана во стан!

По повеќе од една деценија молк, 48-годишен Италијанец Марко Р. за првпат признал вина за едно од најморничавите убиства поврзани со исчезната млада жена од Албанија, случај кој со години беше нерешена мистерија за истражните органи во Шпанија.

Станува збор за Сибора Гагани, која исчезнала во 2014 година во Торемолинос, Шпанија, кога имала само 22 години. Нејзината судбина со години останала непозната, додека истражителите не дошле до шокантни откритија поврзани со нејзиниот поранешен партнер.

Марко Р., кој веќе издржува затворска казна од 24 години за убиство на друга поранешна партнерка, до неодамна негирал дека ја убил Сибора, тврдејќи само дека го прикрил нејзиното тело. Сега, според шпанските медиуми и истражните документи, тој признал дека и ја одзел животот.

Истражителите откриле дека по убиството, телото на младата жена било скриено на исклучително вознемирувачки начин — во специјално изграден двоен ѕид во станот каде што живееле. Подоцна, полицијата при претрес го пронашла телото сместено во дрвен сандак, покриено со вар, заедно со предмети кои укажуваат на насилна смрт, меѓу кои нож со траги од крв и други докази пронајдени на местото.

Според истрагата, жртвата и обвинетиот се запознале во 2009 година во Италија, кога таа имала 18 години. Подоцна заедно се преселиле во Шпанија, каде нивната врска завршила трагично во летото 2014 година.

Обвинителството тврди дека убиството било извршено во периодот меѓу 7 и 14 јули 2014 година, при што жртвата била нападната со нож и избодена повеќепати, вклучително и смртоносни убоди во грбот.

Истражните органи го третираат случајот како однапред подготвено и особено сурово убиство, со елементи на прикривање кои укажуваат на внимателно планирање. Одбраната, пак, се обидува да ја намали правната тежина на делото, тврдејќи дека станува збор за моментална расправија без претходна намера.

Најнови вести