ПРВ.мк
Македонија

АЛАРМАНТНО: Малолетници жртви и сторители на насилство – тепања, уцени и снимки по социјални мрежи!

АЛАРМАНТНО: Малолетници жртви и сторители на насилство – тепања, уцени и снимки по социјални мрежи!

Сè почести случаи на насилство меѓу малолетници се бележат низ државата, а последниот билтен на МВР открива низа вознемирувачки инциденти во кои деца се јавуваат и како жртви и како сторители на сериозни деликти.

Во Тетово, полицијата поднела известување против двајца малолетници поради сомнение за кривично дело „насилство“, откако во двор на средно училиште физички нападнале друго лице.

Нов сериозен случај е регистриран и во скопско Студеничани, каде татко пријавил дека неговиот 14-годишен син бил нападнат од неколку малолетници пред основно училиште. Според пријавата, насилството било снимано со мобилен телефон, а потоа и објавено на социјални мрежи, што дополнително ја вознемири јавноста.

За случајот бил известен јавен обвинител и инспектор за малолетници, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Дополнително, СВР Тетово поднела известување и против уште двајца малолетници поради сомнение за „насилство над дете“, откако во двор на основно училиште во село Палатица физички нападнале друг малолетник.

Особено загрижувачки е и случајот од Скопје, каде мајка пријавила дека нејзината 12-годишна ќерка под закани преку мобилна апликација испраќала експлицитни фотографии и видеа на друг малолетник. Случајот моментално го истражуваат надлежните институции.

Сè поголемиот број вакви инциденти отвора сериозни прашања за безбедноста на децата, влијанието на социјалните мрежи и растечкото врсничко насилство кое сè почесто излегува надвор од контрола.

Најнови вести