ПРВ.мк
Свет

Германскиот канцелар Мерц шокира: „Подготвен сум војната во Украина да трае уште долго“

Германскиот канцелар Мерц шокира: „Подготвен сум војната во Украина да трае уште долго“

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека е подготвен војната во Украина да продолжи подолго време, бидејќи, според него, војните најчесто завршуваат со воен пораз или економска исцрпеност – сценарија кои во моментот не се очекуваат.

Тој нагласи дека дипломатските напори за завршување на конфликтот се во тек, но дека тоа не може да се постигне по цена на капитулација на Украина. Мерц предупреди дека ако Украина капитулира, Русија би се свртела кон други земји, што би ја проширило кризата.

Изјавите на Мерц доаѓаат еден ден пред истекот на рокот поставен од американскиот претседател Доналд Трамп за средба меѓу лидерите на Русија и Украина со цел отворање на пат кон мировни преговори.

Escape