ПРВ.мк
Свет

(ФОТО) ВОЕНА МОЌ НА ДЕЛО: Најмоќниот воен брод пристигна во Сплит - еве зпшто е баш во Сплит!

(ФОТО) ВОЕНА МОЌ НА ДЕЛО: Најмоќниот воен брод пристигна во Сплит - еве зпшто е баш во Сплит!
Kristal

Американскиот носач на авиони „USS Џералд Р. Форд“, најголемиот воен брод некогаш изграден, пристигна во Сплит во рамките на планирана посета и одржување, соопштија од американската амбасада во Хрватска.

За време на посетата, бродот ќе ги прими локалните официјални лица и клучните лидери, потврдувајќи го силниот и постојан сојуз меѓу САД и Хрватска. Носачот носи до 75 авиони и има посадa од 4.500 луѓе, а воедно служи и за зајакнување на односите и заедничките воени вежби со НАТО сојузниците.

Амбасадата потсетува дека американските морнарички единици често ја посетуваат Хрватска за одржување и обуки, а бродот последен пат беше во Сплит во октомври 2025 година. Овој пат, посетата нема да вклучува разгледување за новинари.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo