Руските стратешки ракетни сили изведоа тајни воени вежби во Сибир, при што беа преместувани интерконтинентални балистички ракети Јарс, способни да носат нуклеарни боеви глави, соопшти Министерството за одбрана.
Во вежбите биле вклучени активности како камуфлирање и прикривање за да се маскира движењето на копнените ракети, како и симулации на одговор на непријателски напади и одбрана од воздушни закани. Министерството нагласи дека не било извршено лансирање на ракети.
Според агенцијата Ројтерс, Русија редовно организира вакви вежби за да ја тестира борбената готовност на своите нуклеарни сили и да испрати предупредувачки сигнали до Западот во услови на високи тензии околу војната во Украина.









