ПРВ.мк
Свет

Скриена мистерија во светскиот музеј - каде се скриени 88 милиони евра накит?

Скриена мистерија во светскиот музеј - каде се скриени 88 милиони евра накит?
Kristal

Четвртиот осомничен за спектакуларниот грабеж во музејот Лувр во Париз, извршен на 19 октомври, денеска доби официјално обвинение, пренесува француската телевизија BFM.

Станува збор за 38-годишен маж од Лавал, кој бил уапсен истиот ден како и останатите осомничени и претходно бил познат на полицијата. Тој се товари за грабеж на накит од колекцијата „Наполеон“, изложена во прочуената галерија Аполо во Лувр.

Француската полиција го идентификувала преку форензички траги пронајдени на скутер и камион користени при бегството, како и преку анализа на снимки од видеонадзор. Истовремено, трите лица уапсени заедно со него се пуштени на слобода.

И покрај интензивната истрага и претходните полициски акции, украдениот накит, проценет на 88 милиони евра и сметан за национално богатство, сè уште не е пронајден.

Escape