ПРВ.мк
Свет

Романски министер поднесе оставка - причината ќе ве шокира

Романски министер поднесе оставка - причината ќе ве шокира
Kristal

Романскиот министер за одбрана, Јонут Мостеану, денес поднесе оставка откако призна дека не дал точни информации за своите студии во биографијата. Мостеану објасни дека не сака неговите лични „грешки“ да ги одвлечат вниманието од клучната задача за заштита на безбедноста на земјата.

„Денес поднесов оставка од функцијата министер за национална одбрана. Го преземам овој чекор одговорно и од почит кон романската армија. Романија и Европа се нападнати од Русија. Нашата национална безбедност мора да се брани по секоја цена. Не сакам дискусиите за моето образование и грешките што ги направив пред многу години да ги одвлечат вниманието на оние кои сега ја водат земјата од нивната тешка мисија“, напиша Мостеану на својата Фејсбук страница, пренесува Аѓерпрес.

Оставката следи по објавата на дневниот весник „Либертатеа“, кој претходно оваа недела извести дека биографијата на Мостеану содржи неточни податоци за времето и универзитетот на дипломирање.

Escape