ПРВ.мк
Свет

САД повторно извршија воздушни напади врз Иран – Техеран најавува одговор

САД повторно извршија воздушни напади врз Иран – Техеран најавува одговор

Соединетите Американски Држави извршија нов бран воздушни напади врз воени цели во Иран, соопшти американската Централна команда (CENTCOM). Според официјалните информации, операцијата била насочена кон дополнително слабеење на иранските воени капацитети.

Нападите се дел од најновата ескалација на конфликтот меѓу Вашингтон и Техеран, кој повторно се интензивираше по прекинот на претходното примирје. Според светските агенции, погодени биле повеќе воени локации, вклучувајќи позиции во близина на јужниот брег на Иран и други стратешки објекти.

Иран ги осуди нападите и најави дека ќе продолжи да одговара на, како што ги нарече, американските воени акции. Во меѓувреме, расте загриженоста дека новата ескалација би можела дополнително да ја влоши безбедносната состојба во регионот и да влијае врз глобалниот енергетски пазар, особено поради стратешкото значење на Ормускиот Теснец.