ПРВ.мк

Ердоган на преговори – дали ситуацијата наскоро ќе се смири?

Ердоган на преговори – дали ситуацијата наскоро ќе се смири?

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес го одржа првиот официјален состанок со прокурдските политичари, во рамки на напорите за ставање крај на 40-годишниот конфликт меѓу Турција и милитантите од Работничката партија на Курдистан (РПК), пренесе АП.

Претходниот состанок меѓу курдските претставници и администрацијата на Ердоган се одржа во средината на март, откако РПК најави демобилизација.

Разговорите се фокусираат на ставање крај на децениското насилство, особено по февруарското прогласување на прекин на огнот од страна на РПК, по повикот за разоружување од нејзиниот лидер Абдулах Оџалан.

Иако ваквото ветување претставува значаен чекор кон мир, турската влада тогаш нагласи дека потребни се конкретни акции од страна на РПК пред да се разговара за унапредување на курдските права, пренесе агенцијата.

Vero

Владата, Демократската партија на народите (ДЕМ) и националистичката МХП изразија поддршка за мировниот процес, но Ердоган предупреди дека воените операции ќе бидат обновени доколку не се исполнат дадените ветувања.

Agria