ПРВ.мк

Трамп го изгуби трпението со Путин: Американците му дадоа три дена рок на рускиот претседател

Трамп го изгуби трпението со Путин: Американците му дадоа три дена рок на рускиот претседател

Трамп му постави рок на Путин: Три дена за прекин на огнот во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Вашингтон очекува одговор од Владимир Путин до крајот на неделата во врска со предлогот за прекин на огнот во Украина.

– Ќе го добиеме нивниот одговор многу скоро. Сакаме убиствата да престанат – изјави Трамп на заедничка прес-конференција со италијанската премиерка Џорџа Мелони во Белата куќа.

Во изјавата се осврна и на украинскиот претседател Володимир Зеленски, за кого рече:

Vero

– Не сум голем обожавател. Не го обвинувам директно, но мислам дека не ја заврши работата како што треба.

Трамп повторно ја критикуваше администрацијата на Џо Бајден за ескалацијата на конфликтот, и нагласи дека Русија има далеку поголема воена моќ од Украина.

Според него, до 24 април се очекува договор меѓу САД и Украина за експлоатација на природни ресурси, што би овозможил на Америка да си ги надомести трошоците за воената помош. Првичната сума од 300 милијарди долари, според „Блумберг“, била намалена на 100 милијарди за време на преговорите.

Според извори на „Аксиос“, Вашингтон е подготвен да воведе нови санкции против Русија ако до крајот на април не се постигне примирје. Од „Фокс њуз“ дознаваат дека Белата куќа размислува и за санкции кон руската „флота во сенка“, а Трамп навести дека би можел да воведе и тарифи до 500% за земјите кои купуваат руска нафта.

Agria