Вчера во Кавадарци избувнал пожар во една куќа на улицата „Страшо Пинџур“. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), за жал, во пожарот беше пронајдено тело на машко лице, за кое се претпоставува дека се задушило.
Регионалниот центар за управување со кризи од Велес извести дека двајца пожарникари со едно возило интервенирале и гаснеле запалена плинска боца во куќата. На лице место била и екипа од Итна медицинска помош, која само можела да ја констатира смртта на мажот, кој бил на 78-годишна возраст.