ПРВ.мк

Тони Коњановски: Претпријатијата во Битола се економско ефикасни

Тони Коњановски: Претпријатијата во Битола се економско ефикасни

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски на емисијата „Заспиј ако можеш“ кај Драган Милосавлевиќ, зборуваше за актуелното раководоство со општината, можностите и предизвиците за иднината.

Навидум шпекулациите кои деновиве беа испратени на сметка на јавните претпријатија во Битола поради нивното неодговорно финансиско работење, градоначалникот Коњановски дека Битола е на врвот на транспарентно и одговорно работење во Македонија.

„Во Водовод, бројот на 223 вработени што сме го добиле е намален на 199 вработени. Одвоената плата на вработените во Водовод е 148 милиони, наместо 107 милиони денари. Во делот на ресторантски услуги во делот 2017-2021 2,5 милиони денари, а сега во овој 3,5 години мандат нецелосен еден милион денари. За адвокатски услуги во претходниот мандат 8 757 000 денари, сега 2 660 000. Кај вработените во нискоградба, сме затекнале 148 вработени, сега се 137.“ – истакна таткото на градот на конзулите, аргументирајќи против невистините кои деновиве беа пуштени во етерот. Покрај претпријатието Водовод – Битола, тој зборуваше по истиот принцип и за КЈП Нискоградба и ЈП Комуналец.

„Плати во Нискоградба кај вработените од 62 милиони на 85 милиони денари. 263 илјади према 1 600 000 денари во делот на ресторантски услуги, а адвокатските услуги од 700 илјади на 170 илјади денари. Вработените во Комуналец од 300 затегнати на 270 вработени. Платите од 105 милиони се покачиле на 170 милиони денари. Ресторантски услуги во Комуналец, најкарактеристична е разликата од еден милион со скоро 11 милиони денари.“ потенцираше градоначалникот, објаснувајќи ги разликите во претходното раководење со општината и сега.

Vero
Agria