ПРВ.мк

Првиот човек на Трамп за преговори откри што би добила Русија од војната со Украина

Првиот човек на Трамп за преговори откри што би добила Русија од војната со Украина

Виткоф со Путін во Санкт Петербург: Русија можеби ќе задржи дел од новите територии

Специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, изјави дека во последниот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, главен фокус бил ставен на прашањето за териториите во Украина. Според него, Русија можеби ќе успее да задржи „некои од новите региони, но не сите“ како дел од можното мировно решение.

Во интервју за Wall Street Journal, Виткоф истакна дека Украина можеби и не е толку заинтересирана за територии каде што доминантно се зборува руски јазик. Тој додаде дека прашањето за територијалниот суверенитет може делумно да се реши преку преговори.

Средбата помеѓу Виткоф и Путин се одржала на 11 април во Претседателската библиотека во Санкт Петербург и траела околу четири и пол часа, според извори на агенцијата Танјуг.

Vero

Исто така, Виткоф посочи дека една од темите во преговорите било и потенцијалното неучество на Украина во НАТО како дел од поширокиот мировен договор.

Од украинска страна, реакциите беа остри – претседателот Володимир Зеленски го обвини Виткоф за злоупотреба на функцијата, посочувајќи дека со прифаќање на можноста за признавање на нови руски региони, тој всушност ја прифаќа стратегијата на Кремљ.

Agria