ПРВ.мк
Свет

Нова анкета: Повеќето жители на Велика Британија не сакаат враќање назад - ова е причината

Нова анкета: Повеќето жители на Велика Британија не сакаат враќање назад - ова е причината

Мнозинството британски граѓани не поддржуваат укинување или значително менување на правилата воведени по Брегзит, покажува најновото истражување спроведено од организацијата „Britain Unbound“ во соработка со YouGov.

Според резултатите од анкетата, околу 60 отсто од испитаниците изјавиле дека не би биле подготвени да се откажат од дел од законодавниот суверенитет на Обединетото Кралство во замена за поблиска економска соработка со Европската Унија.

Само 27 отсто од анкетираните рекле дека би прифатиле таков компромис, додека 14 отсто не изразиле став по ова прашање.

Резултатите укажуваат дека, и покрај тековните дебати за идните односи меѓу Велика Британија и ЕУ, голем дел од британската јавност и понатаму ја поддржува независноста во носењето закони и одлуки, што беше една од главните цели на Брегзит.

Истражувањето доаѓа во период кога во британската политика повторно се отвораат дискусии за можностите за продлабочување на економските односи со Европската Унија, но без формално враќање во европските институции.