ПРВ.мк
Свет

ОВАА ЖЕНА Е МЕДИЦИНСКИ ФЕНОМЕН! Криста Пајк отпуштена од болница: Чудесно закрепнување по неуспешно погубување со две смртоносни инјекции!

ОВАА ЖЕНА Е МЕДИЦИНСКИ ФЕНОМЕН! Криста Пајк отпуштена од болница: Чудесно закрепнување по неуспешно погубување со две смртоносни инјекции!

Неверојатен случај од Соединетите Американски Држави го привлече вниманието на светската јавност, откако 50-годишната Криста Пајк, осудена на смрт за убиство, преживеа неуспешна егзекуција со смртоносна инјекција, а по десет дена болничко лекување беше отпуштена од болница.

Пајк, која повеќе од три децении се наоѓа во затвор во американската сојузна држава Тенеси, на 30 септември 2026 година требало да биде погубена со инјектирање смртоносна доза од лекот пентобарбитал.

Меѓутоа, и покрај тоа што ѝ биле администрирани две дози од препаратот, егзекуцијата не го постигнала предвидениот исход.

Нејзината здравствена состојба нагло се влошила, поради што итно била пренесена во болница, каде што лекарите се бореле за нејзиниот живот.

Во првите денови по неуспешното погубување, Пајк била во критична состојба и приклучена на апарат за дишење. Нејзините адвокати тогаш изразиле сериозна загриженост дека нема да преживее.

Сепак, неколку дена подоцна следувал неочекуван пресврт.

Осуденичката ја вратила свеста, започнала да зборува и постепено покажувала знаци на физичко закрепнување.

Според нејзиниот правен тим, до 8 октомври таа веќе можела да оди со помош, повторно започнала нормално да се храни, а состојбата на рацете, кои биле оштетени при процедурата, постепено се подобрувала.

На 10 октомври адвокатите потврдија дека Пајк е отпуштена од болница и вратена во женскиот затворски центар „Дебра К. Џонсон“, каде што ја издржува казната повеќе од 30 години.

Иако повеќе не е хоспитализирана, таа и понатаму добива медицинска нега, а лекарите ќе ја следат нејзината здравствена состојба.

Случајот се смета за историски невообичаен, бидејќи според американскиот Информативен центар за смртна казна, Пајк е првата позната личност во САД која преживеала откако веќе ѝ биле администрирани смртоносни инјекции во текот на егзекуција.

Неуспешната постапка предизвика сериозни прашања за безбедноста и законитоста на методите за извршување смртни казни.

Гувернерот на Тенеси, Бил Ли, нареди привремено запирање на преостанатите егзекуции во 2026 година и независна проверка на постапката, додека случајот доведе и до оставка на раководителот на затворскиот систем.

Криста Пајк била осудена на смрт поради убиството на 19-годишната Колин Слемер во 1995 година. Во времето на злосторството имала 18 години, а во нападот учествувале и други лица.

Нејзиното неочекувано преживување отвори нова правна и медицинска дилема, додека засега останува неизвесно дали американските власти повторно ќе се обидат да ја извршат смртната казна.