ПРВ.мк
Црна Хроника

Цариниците погледнале под седиштето и пронашле седум змии, меѓу нив и отровна: Шокантно откритие на Богородица

Цариниците погледнале под седиштето и пронашле седум змии, меѓу нив и отровна: Шокантно откритие на Богородица

Необичен обид за нелегално внесување егзотични животни бил откриен на граничниот премин Богородица, каде што царинските службеници заплениле седум змии, меѓу кои неколку питони и една отровна змија, како и еден гуштер.

Влекачите биле пронајдени при контрола на возило управувано од државјанин на Косово, кој се обидел да ги пренесе преку границата без потребната документација.

Според информациите од Царинската управа, животните биле сокриени во кутии и завиткани во марами, сместени под седиштето на автомобилот.

При деталниот преглед цариниците откриле повеќе егзотични видови змии, меѓу кои два питони од видот „Carpet Spilota“, еден „Short-tailed“ питон, еден „Brandly Carpet“ питон, како и змии од видовите „Chinese Ring Rat“ и „Reticulated Super Dwarf“.

Меѓу запленетите влекачи била и змија означена како „Baron Sneake“, која Царинската управа ја навела како отровна.

Покрај седумте змии, во возилото бил откриен и еден гуштер.

Од Царинската управа посочуваат дека најголемиот дел од запленетите животни припаѓаат на заштитени видови, чиј меѓународен промет е предмет на строги законски правила.

За нивниот транспорт преку државните граници потребни се посебни дозволи и соодветна документација, а нивното внесување без исполнување на пропишаните услови претставува прекршување на законските одредби.

Запленетите влекачи ќе бидат предадени на надлежните институции, кои ќе постапуваат согласно прописите за заштита и згрижување на ваквите животни.

Против косовскиот државјанин ќе биде поведена соодветна постапка.