ПРВ.мк
Свет

Нов момент од Берлин – Германската влада ја отфрли иницијативата жените да служат војска

Нов момент од Берлин – Германската влада ја отфрли иницијативата жените да служат војска

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека во блиска иднина нема услови за воведување задолжителна воена служба за жените, бидејќи постојат сериозни правни и општествени пречки.

Мерц појасни дека германскиот Основен закон моментално дозволува мобилизација само за мажи, а евентуална промена би била можна дури во подоцнежни фази по отворање на широка јавна и политичка расправа. Тој нагласи дека сега приоритет е преземање на „првите чекори во вистинската насока“, а дури потоа би се разгледувале такви идеи.

Паралелно, германскиот министер за одбрана Борис Писториус жестоко ја критикуваше претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен поради нејзините изјави дека ЕУ може да прати мултинационални воени сили во Украина. Според него, вакви теми се „фундаментално погрешни“ пред да започнат мировни преговори и надвор од надлежностите на Унијата.

Фон дер Лајен во интервју за Financial Times откри дека се разгледуваат „детални планови“ за евентуално распоредување на десетици илјади војници од европски држави со американска поддршка во разузнавање и командување. Но, Писториус предупреди дека ваквите јавни изјави се несоодветни и можат да создадат погрешна слика во време кога Европа бара заеднички одговор на безбедносните закани.

Дискусијата околу улогата на жените во армијата и идните ангажмани на Европа во Украина, според германските власти, допрва ќе се отвори – но засега останува само на ниво на дебата.

Escape