ПРВ.мк
Македонија

Денес се слави Свети пророк Самуил – оваа работа не смеете да ја направите

Денес се слави Свети пророк Самуил – оваа работа не смеете да ја направите

Верниците денес го одбележуваат празникот на Свети пророк Самуил, омилен меѓу Израилот и многумина длабоко ја жалеле неговата смрт.

Самуил живеел околу 1100 години пред Христа, роден во местото Рамат, како дете измолено од Бога од мајка му Ана, која долго време немала породу. На три години, Ана го посветила на Бога, и тој растел и живеел во Силоам, крај ковчегот на заветот, како последниот од редот на судиите во Израилот.

Самуил го помазал првиот цар на Израилот, Саул, а подоцна и Давид, кој стана еден од најславните и прекрасни цареви.

Според народните верувања, на овој ден не треба да се прават постапки кои се срамни, особено да не им се зема доброто на другите.

Бидете благодарни на луѓето околу вас – пријатели, роднини, родителите и децата. Ценете го трудот и добрината на другите, дури и ако тие не бараат награда.

Escape