ПРВ.мк
Свет

СЕМЕЈНА ТРАГЕДИЈА: Мајка ги убила двете деца пред да си го одземе животот

СЕМЕЈНА ТРАГЕДИЈА: Мајка ги убила двете деца пред да си го одземе животот

Според весникот Фигаро, истрагата за трагедијата откриена во Вилербан укажува на семејна драма без вмешаност на надворешни лица.

Во станот во центарот на градот, вчера попладне беа пронајдени мртви 37-годишна мајка и нејзините две деца на возраст од четири и шест години. Полицијата во Лион, врз основа на шприцот пронајден покрај жената, ја разгледува можноста за двојно детоубиство проследено со самоубиство на мајката.

Телата ги открила сопственичката на станот, која е и пријателка на семејството, и веднаш ја известила полицијата. Според првичните наоди, немало траги од провала или борба во станот, што укажува дека настаните се случиле без вмешаност на друго лице.

Како што изјавил за весникот анонимен извор запознаен со истрагата, иако ништо не е целосно исклучено, најверојатната хипотеза во моментов е дека мајката ги убила децата пред да се убие самата себеси. Конечниот заклучок ќе се почека по обдукцијата на телата.

Escape