ПРВ.мк
Спорт

Тони Стојановски ја напушта МРТ и се приклучува на Арена спорт

Тони Стојановски ја напушта МРТ и се приклучува на Арена спорт

Познатиот спортски коментатор Тони Стојановски по речиси 20 години во македонското спортско новинарство, од кои над 13 години во МРТ, денес го одработи својот последен ТВ-пренос за јавниот сервис.

Стојановски го стекна угледот со историскиот коментар за победата на македонската фудбалска репрезентација над Грузија во Тбилиси, која ја обезбеди првата пласман на Европското првенство.

Следната професионална станица за Стојановски ќе биде Арена спорт, каде ќе биде дел од новата македонска редакција на регионалниот телевизиски канал што емитува спортска програма низ поранешна Југославија.

„Дојде време за разделба, заминувам со многу спомени и професионални задоволства. Новата страница е празна, мое е да ја испишеме брзо и убаво“, напиша Стојановски на својот профил, истакнувајќи дека одлуката, иако тешка, е најдобра за него по 28 години кариера.

Escape