ПРВ.мк
Свет

ДРАМАТИЧНО ВО БАЛТИКОТ: Невремето остави пустош, има загинати и масовни прекини на струјата - еве во кој правец се движи невремето!

ДРАМАТИЧНО ВО БАЛТИКОТ: Невремето остави пустош, има загинати и масовни прекини на струјата - еве во кој правец се движи невремето!

Две лица загинаа, а илјадници домаќинства останаа без електрична енергија откако силно невреме со обилни врнежи го зафати регионот на Балтичкото Море. Најтешко погодени се Литванија и Летонија, каде што невремето предизвика големи материјални штети и прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Во литванското село Мазионис спасувачките екипи го пронашле телото на маж под паднато дрво. Друг маж загинал во латвискиот град Јелгава, откако врз него паднале делови од објект. Во невремето биле повредени и други лица, од кои неколку биле пренесени во болница.

Повеќе од 250 илјади домаќинства во Литванија во одреден момент останале без струја, додека сличен број прекини биле регистрирани и во соседна Летонија. Екипите за одржување на електроенергетската мрежа работат на отстранување на последиците и нормализирање на снабдувањето.

Најголем дел од прекините биле предизвикани од паднати дрвја кои оштетиле или блокирале далноводи. Силниот ветер и обилните врнежи дополнително го отежнале пристапот до погодените подрачја и санацијата на дефектите.

Локалните метеоролошки служби го опишуваат невремето како едно од најсилните што го погодиле регионот во текот на летото. Надлежните служби продолжуваат да ги отстрануваат последиците, додека жителите се предупредуваат на дополнителна внимателност поради можноста за нови проблеми предизвикани од нестабилното време.