Ова е второ уривање на авион Ф-16 откако Киев минатата година почна да прима борбени авиони од американските сојузници.
Украина утрово изгуби борбен авион Ф-16 по инцидент во летало, при што пилотот успешно се катапултираше, соопшти украинското воено воздухопловство.
„Според првични информации… на леталото се случила необична ситуација. Пилотот го оддалечи авионот од населените места и успешно се катапултираше“, стои во објавата на платформата Телеграм.
Воздухопловството соопшти дека пилотот е во добра состојба. Истакна дека падот не бил предизвикан од руски оган и дека е формирана комисија за истрага на сите околности поврзани со инцидентот.
Ова е второ уривање на Ф-16 откако Киев лани почна да добива борбени авиони од американските сојузници како дел од програмата одобрена од администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден.
Кон крајот на август 2024 година, се сруши уште еден Ф-16, а неговиот пилот загина додека одбиваше масовен руски воздушен напад. Украина не го открива точниот број на авионите што ги има добиено.