ПРВ.мк

Му се заканувала на градоначалникот, доби кривична пријава

Му се заканувала на градоначалникот, доби кривична пријава
Jumbo Banner

55-годишна жителка на Кратово кривично ќе одговара откако на крајот на април му се заканувала на градоначалникот на општината Кратово, Тодорче Николовски, соопшти МВР.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ѓ.М.(55) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”. На 29.04.2025 во Кратово, пријавената упатувала закани кон Т.Н. – градоначалник на општина Кратово“, пишува во полициското соооштение.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран