ПРВ.мк
Свет

ДРАМА НА АЕРОДРОМ: Сомнителен куфер ги заглави патниците во авион - меѓу нив и европратеници!

ДРАМА НА АЕРОДРОМ: Сомнителен куфер ги заглави патниците во авион - меѓу нив и европратеници!
Kristal

Вистинска драма се одвивала на аеродромот во Стразбур, кога патниците на летот на романската авио-компанија ТАРОМ, меѓу кои имало и европратеници, биле задржани во авионот речиси 40 минути поради сомнителен куфер.

Инцидентот се случил меѓу 10 и 11 часот по локално време, веднаш по слетувањето на авионот кој полетал од Букурешт во 9 часот наутро. Патниците биле известени дека не смеат да го напуштат авионот од безбедносни причини, објави романскиот портал Digi24.

Сомнителниот багаж бил пронајден во дел од аеродромот, по што безбедносните служби го блокирале просторот и започнале проверки, што предизвикало зголемена вознемиреност кај патниците.

По околу 40 минути, било утврдено дека станува збор за заборавен куфер, по што аеродромот бил деблокиран, а патниците конечно можеле да се симнат од авионот.

Според Digi24, меѓу патниците имало романски европратеници и новинари, што дополнително ја зголемило сериозноста на безбедносниот инцидент.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape